Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска ќе пристигне во дводневна посета на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштението се посочува дека на средбите што Камерон ќе ги оствари со турските претставници ќе се разговара за билатералните односи, како и за голем број актуелни регионални и меѓународни прашања, пренесува Си-Ен-Ен-Турк.
Засега не се објавени повеќе информации за планираните средби со Камерон.