Свет Самит

Членките на Г7 договорија заем за Украина од 50 милијарди долари од замрзнати руски средства

Покрај овој договор, британскиот премиер Риши Сунак најави и до 242 милиони фунти помош за Украина за хуманитарни, енергетски и стабилизациски потреби.

Членките на Г7 договорија заем за Украина од 50 милијарди долари од замрзнати руски средства

На отворањето на Самитот на Г7 што почна денеска во одморалиштето Борго Ењација во јужниот италијански регион Пуља, е постигнат договор за предлогот на САД за поддршка на заем од 50 милијарди долари за Украина со користење на замрзнати руски средства.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поздрави шефовите на државите-членки на Г7, велејќи дека сака пораката на состанокот да биде дијалог со глобалниот југ и единство.

Италија, која е домаќин на самитот, покани неколку африкански лидери, меѓу кои алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун, кенискиот претседател Вилијам Руто и тунискиот претседател Каис Саид, за да се унапреди италијанската иницијатива за развој и миграција на континентот.

Меѓу другите гости се украинскиот претседател Володимир Зеленски, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот предлог вклучува планирање заем од 50 милијарди долари за помош на Украина во борбата против Русија, кој ќе користи камата заработена од добивката од замрзнатите средства на руската централна банка, од кои повеќето се чуваат во Европската унија.

Покрај овој договор, британскиот премиер Риши Сунак најави и до 242 милиони фунти помош за Украина за хуманитарни, енергетски и стабилизациски потреби. (МИА)

Поврзани теми

Најнови вести од Свет

To top