Свет пренесени се во болница

Четворица израелски војници повредени во експлозија во Либан

Инцидентот се случил во длабочина од 100 метри на либанска територија, јави сајтот Унет, повикувајќи се на портпарол на израелската армија.

Четворица израелски војници повредени во експлозија во Либан

Четворица израелски војници се повредени и пренесени во болница по неидентификувана експлозија што се случи на либанска територија, наведуваат денеска локалните медиуми, пренесува ДПА.

Инцидентот се случил во длабочина од 100 метри на либанска територија, јави сајтот Унет, повикувајќи се на портпарол на израелската армија.

Претходно армијата само соопшти дека експлозијата била во близина на пограничната област.

Еден од војниците е тешко повреден, а другите тројца се со лесно до умерени повреди, соопшти израелската војска, пренесе ДПА.

Одговорноста за инцидентот ја презеде либанската шиитска милиција Хезболах. Во нејзиното соопштение се наведува дека неколку експлозивни направи биле поставени во областа Тал Исмаил на либанска територија недалеку од границата со Израел. Кога израелските војници се приближиле до уредите, тие експлодирале.

Најнови вести од Свет

To top