Имено, денеска се почнува со нова традиција – кралот по првпат ќе застане покрај живо дрво, симболично истакнувајќи ги своите тековни напори за заштита на животната средина. Дрвото, според Бакингемската палата, е украсено со „природни и одржливи украси“, како што се шишарки, кафеаво стакло, сушени портокали и хартија, наместо пластика.
Првото божиќно обраќање на кралот Чарлс Трети се одржа минатата година, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета.
Пред обраќањето, кралот Чарлс и кралицата Камила, на Бадник, беа забележани во Сандрингем. Тие присуствуваа на утринската богослужба во црквата „Сент Мери Магдален“.