Бројот на жртвите од големата експлозија во иранското пристаниште во градот Бандар Абас се зголеми на најмалку 65, објавија денес иранските државни медиуми.
Според извештаите на иранските медиуми, експлозијата се случила во саботата во дел од пристаништето Шахид Раџаи, кое е најголем контејнерски центар во Иран, а како резултат на експлозијата биле скршени прозорци во радиус од неколку километри, метални траки биле откинати од бродските контејнери, а стоката внатре била сериозно оштетена.
Денес е ден на жалост во Иран поради несреќата. (МИА)