Свет ЦГТН

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 3.301

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала на 28 март, еден од најсилните што го погоди Мјанмар, погоди области со 28 милиони луѓе оставајќи многумина без храна, вода и засолниште. 

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 3.301

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 3.301, јави денеска кинескиот државен информативен канал ЦГТН.

Според ЦГТН, кој се повикува на Радио-телевизија Мјанмар, повредени се 4.792 лица, а 221 лице се водат како исчезнати.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала на 28 март, еден од најсилните што го погоди Мјанмар, погоди области со 28 милиони луѓе оставајќи многумина без храна, вода и засолниште.  (МИА)

To top