Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое раководи Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната против Израел се убиени 27.708 лица, главно жени, деца и млади луѓе.
Во последните 24 часа загинаа 123 Палестинци, а бројот на ранети од почетокот на војната на 7 октомври достигна 67.174.
Во Израел, во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на првиот ден од војната загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа киднапирани и однесени 250 заложници во Газа.
Како што беше потврдено синоќа, од 136-те заложници кои се уште се држат, 31 веќе не е жив.