Бритиш ервејс соопшти дека ги откажа своите летови до и од Тел Авив до среда.
„Безбедноста е секогаш наш највисок приоритет и ги контактираме патниците за да ги информираме за нивните можности за патување“, се вели во соопштението на Бритиш ервејс.
Веб-страницата за следење летови „Флајт Радар“ покажува дека и други авиокомпании ги откажале летовите до Тел Авив, вклучувајќи ги Виз ер и Азербејџан ерлајнс.