Свет минатата недела беше приведен

Британските пратеници изгласаа објавување на доверливи документи поврзани со поранешниот принц Ендру

-Во многу погледи ова е првиот вистински глобален скандал: од Белата куќа и Силиконската долина до Осло и Париз, но тоа е и длабоко британски скандал, кој допира до врвот на британската елита,  истакна Дејви на отворањето на дебатата.

Британските пратеници изгласаа објавување на доверливи документи поврзани со поранешниот принц Ендру

Долниот дом на британскиот парламент денеска одобри објавувањето на документите поврзани со именувањето на поранешниот британски принц Ендру за трговски претставник – позиција што ја држеше една деценија, за време на која е осомничен дека му пренесувал владини информации на покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

Но, не е познато кога документите ќе бидат објавени. Поранешниот принц Ендру минатата недела беше приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Тој е ослободен без обвинение, а продолжува истрагата против него.

Предлогот беше поднесен од лидерот на Либералните демократи Ед Дејви.

-Во многу погледи ова е првиот вистински глобален скандал: од Белата куќа и Силиконската долина до Осло и Париз, но тоа е и длабоко британски скандал, кој допира до врвот на британската елита,  истакна Дејви на отворањето на дебатата.

Помладиот брат на кралот Чарлс III, на кого минатата година му беа одземени титулите поради откритија за неговите врски со Епстин. Тој сега е познат како Ендру Маунтбатен-Виндзор.

Дебатата во британскиот парламент уследи по одлуката на Министерството за правда на САД да објави милиони страници документи поврзани со Епстин, кои откриваат како финансиерот користел меѓународна мрежа од богати, познати пријатели за да стекне влијание и сексуално да експлоатира млади жени. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top