Свет војна

Британскиот премиер: Русија може веднаш да ја заврши војната во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Русија го започнала конфликтот во Украина и дека може „веднаш“ да го прекине.

Британскиот премиер: Русија може веднаш да ја заврши војната во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Русија го започнала конфликтот во Украина и дека може „веднаш“ да го прекине.

„Русија го започна овој конфликт. Русија незаконски ја нападна Украина. Русија може веднаш да го прекине овој конфликт. Украина има право на самоодбрана“, им рече Стармер на новинарите во авионот, на пат за Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, пишува Гардијан.

Изјавата на Стармер доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека секоја употреба на британски ракети со долг дострел на руска територија ќе го доведе НАТО во војна со неговата земја.

Стармер додаде дека Обединетото Кралство обезбедило „обука и способност“, што, според Гардијан, се однесува на оружје, за да ѝ помогне на Украина во војната против Русија и рече дека делумно го посетува американскиот претседател затоа што „очигледно треба да има дополнителен разговор за помош“.

Еден ден претходно, Гардијан откри дека САД и Обединетото Кралство се договориле, во соработка со другите сојузници, да ѝ дозволат на Украина да погоди воени цели во Русија со проектили „Storm Shadow“, кои имаат дострел од најмалку 300 километри -постојана побарувачка од страна на Киев веќе долго време.

Путин вчера рече дека секој потег на Западот да му дозволи на Киев да користи оружје со поголем дострел против цели во Русија, ќе значи дека НАТО ќе биде „во војна“ со Москва.

Украина со месеци бара дозвола да ги користи ракетите Storm Shadow и американското производство Atacms за воени цели внатре во Русија.

Стармер истакна дека ќе има тричасовна средба со Бајден во Вашингтон и ќе разговара за Украина, Газа и други надворешно-политички прашања.

Предвидени се и средби на кои ќе учествуваат министерот за надворешни работи Дејвид Лами и други клучни функционери, амбасадорката на Велика Британија во САД Карен Пирс и советникот за национална безбедност Тим ​​Бароу.

Како што пренесува Гардијан, премиерот нема да се сретне со потпретседателката и кандидат на демократите на претседателските избори во ноември, Камала Харис.

To top