Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел од денеска до сабота ќе престојува во посета на Казахстан и Киргистан, што ќе биде можност да се потврди посветеноста на Унијата за понатамошен развој на односите со двете земји, како и со целиот регион на Централна Азија во актуелниот предизвикувачки геополитички контекст, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Според најавата Борел денеска во Астана ќе има средби со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и со вицепремиерот и министер за надворешни работи Мурат Нуртлеу.
В сабота во Бишкек, Борел ќе се сретне со киргистанските министри за надворешни работи и за вонредни состојби Јенбек Кулубаев и Бубек Ажикеев. (МИА)