Свет денес ќе има целосна програма

Борел: Ќе разговарам со министрите на земјите од Западен Балкан за неодамна усвоениот извештај за проширувањето

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека на проширен состанок со министрите на земјите од Западен Балкан ќе разговара за неодамна усвоениот извештај на Европската комисија за проширувањето.

Тој на новинарите пред министерскиот состанок изјави дека ЕУ покажала колку тој регион и е важен.

„Ќе разговараме за неодамнешниот извештај на Комисијата за проширување, ќе инсистираме на потребата од усогласување на политиките бидејќи некои земји не го сторија тоа, а денес ќе има целосна програма“, рече Борел.

To top