Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека очекува израелската влада да се огради од израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич кој вчера изјави дека верува дека блокирањето на хуманитарната помош за Појасот Газа е „оправдано и морално“ дури и ако два милиона цивили умрат од глад.
„Намерното изгладнување цивили е воено злосторство: министерот Смотрич кој се залага за тоа е повеќе од срамен“, напиша Борел на платформата Х.
Тој додаде дека Брисел сака Ерусалим „да обезбеди целосен извештај за пријавените дела на тортура во затворот Сде Тејман“. (МИА)