– Во сегашниот контекст, постојат три приоритети. Првиот е по секоја цена да се спречи проширувањето на израелско-палестинскиот конфликт во Либан. Вториот е да се ублажи катастрофалната ситуација во Газа, а истовремено да се продолжат сериозните преговори за ослободување на израелските заложници. Трет е да се отвори пат за решение на израелско-палестинскиот конфликт, почнувајќи со запирање на насилството врз Палестинците на Западниот Брег. Иако овие три прашања очигледно имаат своја динамика, во реалноста тие се целосно испреплетени, напиша Борел во авторски текст за францускиот весник Монд.
Тој додаде дека неодамна се вратил од Блиски Исток „загрижен од сериозноста на ситуацијата, но порешителен од кога било да го слушне гласот на рамнотежа, разум и реализам бидејќи иако проблемите се сложени и далекусежни, војната е неизбежна само за оние кои имаат политички интерес да ја одржат“.