Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги повика земјите-членки на Европска Унија повеќе да направат за снабдување со муниција на Украина.
-Украинските војници се решени да се борат, но им треба муниција. Итно и во огромни количини, се наведува во писмото на Борел, што вчера беше испратено до министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ.
Тој додаде дека „пролонгирањето на испораката на муниција чини животи и ги ослабуваат одбранбените способности на Украина“.
Борел истакна дека земјите од ЕУ можат да и помогнат на Украина од нивните резерви, со нови нарачки од европските производители, набавка на муниција и финансирање на украинската индустрија. (МИА)