Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително великодушната“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците.
„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно великодушна од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата.
„Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, изјави Блинкен.
Делегација на Хамас денеска треба да престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа. (МИА)