Свет САД

Блинкен: Некои од барањата на Хамас за прекин на огнот се остварливи, некои не се

„Хамас можеше да одговори само со еден збор: да. Наместо тоа, тие чекаа речиси две недели и побараа бројни промени“, рече Блинкен.

Блинкен: Некои од барањата на Хамас за прекин на огнот се остварливи, некои не се

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека милитантната група Хамас предложила „бројни измени“ во својот одговор на предлогот за прекин на огнот и дека „некои од промените се остварливи, а некои не се“.

„Некои од предлозите на Хамас (за предлогот за прекин на огнот) го надминуваат она што групата претходно го прифати во разговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа“, рече Блинкен на прес-конференција во Доха.

Тој, исто така, го обвини Хамас за застој во напорите за прекин на огнот, тврдејќи дека тие се единствените кои треба да го поддржат планот.

„Хамас можеше да одговори само со еден збор: да. Наместо тоа, тие чекаа речиси две недели и побараа бројни промени“, рече Блинкен.

Додека Блинкен тврди дека Израел го прифатил планот, високите израелски лидери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, повеќе пати рекоа дека Израел нема да ја заврши војната пред да го порази Хамас.  (МИА)

To top