Во април оваа година, кога имаше 111 години, Тинисвуд стана најстариот жив човек на светот, поточно по смртта на Хуан Висенте Перез од Венецуела која имаше 114 години.
Клучниот совет на Тинисвуд за да бидете здрави и долговечни беше „да вежбате умереност“.
– Ако пиете или јадете премногу, ако премногу одите, ако правите премногу од што било, на крајот ќе страдате, затоа бидете умерени во сѐ, изјави тој.
Џон Алфред Тинисвуд, најстариот човек на светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 112-годишна возраст. Тинисвуд е роден во Ливерпул на 26 август 1912 година, истиот период кога потона Титаник, а последните денови ги помина во дом за стари лица во Саутемптон, каде што почина во понеделникот.
– Последниот ден го помина со многу љубов и музика – се наведува во соопштението на семејството.