Свет Финска

Бесплатната контрацепција ги намалува абортусите кај тинејџерите за 66 проценти

Финска донесе закон за либерализирање на абортусот во 2022 година.

Бесплатната контрацепција ги намалува абортусите кај тинејџерите за 66 проценти

Бројот на тинејџерки кои абортираат во Финска се намали за 66 отсто меѓу 2000 и 2023 година, соопшти денеска финскиот Институт за јавно здравје ТХЛ, припишувајќи го намалувањето на бесплатната контрацепција за тинејџерите и задолжителното сексуално образование во училиштата.

Финска донесе закон за либерализирање на абортусот во 2022 година.

Бројот на абортуси меѓу жените помлади од 20 години се зголеми во текот на 1990-те во Финска, што ја натера земјата да одговори на почетокот на 2000-те со тоа што ја стави таблетата „за-ден-потоа“ достапна без рецепт за девојчиња над 15 години, а сексуалното образование е задолжително во сите училишта.

Бројот на абортуси падна од 2.144 во 2000 година на 722 во 2023 година кај сите тинејџерки на возраст од 18 до 19 години. Падот е уште поголем кај адолесцентите на возраст под 18 години во истиот период и изнесува 78 проценти, според статистиката на Индитуот.

„Од втората половина на 2010-те, на падот на бројот на абортуси кај младите влијаеше и воведувањето на бесплатна контрацепција како дел од социјалната заштита“, пишува институтот во извештајот.

Многу помал пад е забележан во бројот на абортуси кај жените од сите возрасти во последните две децении, со скромно зголемување од 2022 до 2023 година, за 2,9 проценти.

Во согласност со либерализацијата од 2022 година, Финска престана да бара од жените да дадат причина за абортус од септември 2023 година – во текот на првите 12 недели од бременоста.

Најнови вести од Свет

To top