Свет Совет на Европа

Берсе: Признавањето на одговорноста е првиот тест за секој мир во Украина

Политичките компромиси можеби се неизбежни во секој мировен договор, но треба да бидеме свесни дека жртвувањето на основните принципи, како што е одговорноста, носи долгорочни последици по стабилноста, изјави Берсе за бриселскиот портал „Политико“.

Берсе: Признавањето на одговорноста е првиот тест за секој мир во Украина

Првиот тест за секој мир постигнат во Украина ќе биде почитување на принципот на одговорност за штетите предизвикани од руската агресија, смета генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

– Политичките компромиси можеби се неизбежни во секој мировен договор, но треба да бидеме свесни дека жртвувањето на основните принципи, како што е одговорноста, носи долгорочни последици по стабилноста, изјави Берсе за бриселскиот портал „Политико“.

Оттаму, според него, првиот чекор кон посочување на Русија како одговорна за војната е основањето на Меѓународната комисија за барање отштета од страна на Советот на Европа. Ова тело ќе им задача да одлучува по барањата за наплата на оштета и надоместоци за загуби и повреди предизвикани како последица на руската инвазија врз Украина.

Берсе додава дека на секој мировен договор за Украина ќе треба да се гледа во контекст на далеку поконтроверзното меѓународно опкружување од онаа на кое е навикната Европа, но дека тој ќе мора да содржи робусни гаранции и веродостојна правна рамка за одвраќање на нова агресија.

– Лош мир би бил лош за Европа. Едноставното ставање на војна од ваков обем на „стенд-бај“ би ги преобликувало безбедносните ризици низ цела Европа, рече Берсет, додавајќи дека затоа она што ќе биде напишано во секој мировен договор за Украина, ќе биде подеднакво важно како и она што е изоставено од него.

Дополнително, според Берсе, мора да се води сметка и за принципот на легалноста, чие почитување, пред сè, ќе биде одговорност на Европа.

– Секој мир и повоено закрепнување на Украина мора да бидат цврсто втемелени во меѓународното право, вклучително и во Европската конвенција за човекови права, изјави Берсе.

Тој смета дека по завршувањето на војната, Русија несомнено ќе сака да го искористи секој мир, дури и ако тој биде „длабоко неправеден“, за да се обиде да го врати својот меѓународен углед.

Берсе вели дека Советот на Европа, кој ја исклучи Русија од членство во 2022 година, би бил подготвен да помогне во развојот на идните односи со Москва, но за такво нешто мора да бидат почитувани демократските определби на Украина.

– Затоа Акцискиот план на Советот на Европа за Украина се фокусира на зајакнување на демократските институции, владеењето на правото и отпорноста на хибридни закани, додаде Берсе.

Најнови вести од Свет

To top