Свет сад

Асанж засега нема да биде екстрадиран во САД, реши британскиот суд

Основачот на разобличувачкиот интерент ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, во вторникот доби шанса да ја продолжи својата борба против екстрадицијата во САД, откако Високиот суд во Лондон пресуди дека Вашингтон мора да обезбеди дополнителни гаранции поврзани со Првиот амандман на американскиот Устав и прашањето за смртната казна.

Американските обвинители го бараат 52-годишниот Асанж по обвиненијата поврзани со објавувањето стотици илјади доверливи американски воени досиеја и дипломатска кореспонденција од страна на WikiLeaks. Тие тврдат дека нивното објавување наводно ги загрозило животите на американските агенти и дека нема оправдување за неговото злосторство. Американските обвинители бараат екстрадиција за да му судат на Асанж по 18 точки од обвинението, од кои сите освен една спаѓаат во Законот за шпионажа.

Поддржувачите на Асанж, пак, го слават како новинарски херој, чие кривично гонење е политички мотивирано, односно се прогонува за разоткривање на американските воени злосторства на боиштата посебно на Блискиот исток. Но, исто така, илјадниците тајни дипломатски преписки открија како Вашигнтон ги исмева и омаловажува политичарите од другите земји во светот, вклучително и традиционално најблиските сојузници.

Во февруари, адвокатите на Асанж побараа шанса да ја оспорат согласноста на Велика Британија за негова екстрадиција во САД, тврдејќи дека неговото гонење е политички мотивирано. Во пресудата, двајцата судии рекоа дека постои реална можност за успешна жалба против екстрадицијата на Асанж по повеќе основи.

Судот денеска им даде шанса на САД да дадат „задоволителни гаранции“ за тоа дали Асанж може да се потпре на Првиот амандман на американскиот устав и дали може да биде осуден на смрт. Првиот амандман на Уставот на САД гарантира целосна слобода на говорот, освен ако директно не ги поттикнува луѓето да го прекршат законот.

Доколку овие гаранции отсуствуваат, Асанж ќе добие можност да поднесе жалба на одлуката за екстрадиција. Ново рочиште е закажано за 20-ти мај.

САД, од друга страна, објаснуваат дека сакаат да му судат на Асанж затоа што „свесно и неселективно“ ги објавил имињата на изворите, а не поради неговите политички ставови.

To top