Свет

Асад останува во Дамаск, демантирани гласините за бегство

Претседателството истакнува дека Асад продолжува да ги извршува своите уставни обврски од главниот град. 

Асад останува во Дамаск, демантирани гласините за бегство

Сирискиот претседател Башар ал-Асад не го напушти Дамаск, и покрај напредувањето на бунтовничките сили кон главниот град, соопшти сириското претседателство.

„Некои странски медиуми шират гласини и лажни вести дека претседателот Башар ал-Асад го напуштил Дамаск или дека е во посета на друга земја“, се наведува во изјавата.

Претседателството истакнува дека Асад продолжува да ги извршува своите уставни обврски од главниот град. (МИА)

To top