Свет брикс

Аргентина одби да се приклучи на сојузот на Путин

Новата аргентинска влада на претседателот Хавиер Милеи го повлече членството на јужноамериканската земја во групата БРИКС на економии во развој, што требаше да започне на почетокот на јануари.

Аргентина одби да се приклучи на сојузот на Путин

Новата аргентинска влада на претседателот Хавиер Милеи го повлече членството на јужноамериканската земја во групата БРИКС на економии во развој, што требаше да започне на почетокот на јануари.

Новиот ултра-неолибералистички претседател Хавиер Милеи официјално го објави откажувањето во писмо до земјите-членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Репубплика, потврди аргентинската министерка за надворешни работи Дијана Мондино во петокот во интервју за весникот La Nación.

Руските медиуми во четвртокот известија дека претседателот Владимир Путин примил писмо од аргентинскиот челник Хавиер Милеи во кое го известива дека неговата земја ќе ја повлече апликацијата за членството во БРИКС.

Во писмото на новиот аргентински претседател, кое го објавија тамошните медиуми, Милеи наведува дека „надворешнополитичката позиција на владата на која е на чело веќе неколку дена во многу случаи се разликува од онаа на претходната влада“. Затоа, како што се наведува, „некои претходни одлуки ќе бидат преиспитани“.

Милеи положи заклетва како нов претседател на почетокот на декември, откако победи на изборите со радикални ветувања за економски и политички пресврт.

Како трета по големина економија во Латинска Америка, соочена со хронична инфлација, дури 143 проценти на годишно ниво, со структурен долг и со 45 проценти од населението кое живее во сиромаштија, Аргентина се подготвува за болни прилагодувања. Милеи, исто така, ја најави ориентацијата на надворешната политика на Аргентина кон САД и Израел, како и оддалечување од Кина и левичарските регионални партнери.

На самитот на БРИКС во јужноафриканскиот град Јоханесбург во август, изненадувачки беше најавено проширување на групата за шест нови членки. Покрај Аргентина, Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија треба да се приклучат на сојузот на важните економии во развој на 1 јануари 2024 година. Во најава за следното проширување на блокот се и апликациите на земји како Турција и Алжир.

Тогашниот аргентински претседател Алберто Фернандез го поздрави членството, со оглед на геополитичките и економските предизвици со кои се соочува неговата земја.

Според министерот Мондино, тоа било идеолошка и практична одлука. „Целта на БРИКС е трговија со земјите со кои веќе имаме договори“, додаде таа. Владата на Милеи затоа ќе работи на „интензивирање на билатералните односи“ со петте сегашни членки на БРИКС, се вели во писмото.

To top