Свет Европски совет

Антонио Кошта во посета на Молдавија

-Со оглед на предизвикувачкиот политички контекст и безбедносните предизвици во регионот, оваа посета ја нагласува посветеноста на ЕУ на суверенитетот и европската иднина на Молдавија, соопшти Европскиот совет по повод посетата на Кошта на Кишињев. 

Антонио Кошта во посета на Молдавија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ќе престојува во Кишињев за да ја изрази целосната поддршка на ЕУ за Владата на Молдавија и за европската интеграција на земјата.

-Со оглед на предизвикувачкиот политички контекст и безбедносните предизвици во регионот, оваа посета ја нагласува посветеноста на ЕУ на суверенитетот и европската иднина на Молдавија, соопшти Европскиот совет по повод посетата на Кошта на Кишињев.

Според најавата, предвидено е Кошта да се сретне со молдавската претседателка Маја Санду со која ќе разговара за напредокот на Молдавија во спроведувањето на реформите неопходни за пристапување кон ЕУ и за следните чекори во процесот на проширување.

Кошта вчера во Лондон учествуваше на состанокот на 15-тина европски лидери во Лондон посветен на Украина и зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Европа. (МИА)

To top