Свет Извештај

Амнести Интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

-Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Мора веднаш да престане, рече во изјавата генералната секретарка на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

Амнести Интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Амнести Интернешнал денеска објави извештај во кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, истакнувајќи дека израелската војска намерно извршила воени злосторства.

Организацијата за човекови права, во извештај од 300 страници, наведе дека за време на израелската офанзива, армијата намерно им донела страдање и уништување на луѓето што живеат во Газа.

-Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Мора веднаш да престане, рече во изјавата генералната секретарка на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

Израел постојано ги отфрла ваквите обвинувања, нарекувајќи ги своите дејствија одбранбени и повикувајќи се на своето право на самоодбрана.

Групата за човекови права објави извештај за Блискиот Исток во кој се вели дека таквите акции не може да се оправдаат со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, или со присуството на вооружени борци во цивилните области.

Амнести нагласи дека Израел „има за цел да ги уништи Палестинците“.

Земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел ризикуваат да станат соучесници, се предупредува во извештајот. Организацијата повикува на итен прекин на, како што вели, геноцидот, воспоставување прекин на огнот и ослободување на сите заложници. (МИА)

To top