За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори, а против беа 24, откако на полноќ истече рокот за финансирање на агенциите.
Предлог-законот во текот на денот треба да биде потпишан од американскиот претседател Џозеф Бајден за да стапи во сила.
Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека не е лесно да се постигне договор за буџетот, но упорноста се исплатеше.
Тој нацрт-закон вчера беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Усвојувањето на законот за финансирање на владата ќе стави крај на повеќемесечните жестоки расправии меѓу Демократската и Републиканската партија.