Свет Центар за контрола и превенција на болести

Американскиот ЦДЦ издаде предупредување за случаи на салмонела во најмалку 10 сојузни држави

Според ЦДЦ, до моментот кога било издадено предупредувањето, инфекцијата била потврдена кај најмалку 16 лица во 10 држави, а од 15-те лица за кои има достапни податоци, седум биле хоспитализирани.

Американскиот ЦДЦ издаде предупредување за случаи на салмонела во најмалку 10 сојузни држави

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести –ЦДЦ (CDC) издаде предупредување за безбедност на храната поради епидемијата на салмонела за која велат дека е поврзана со готовите оброци на „Metabolic Meals“.

„ЦДЦ и здравствените власти во неколку држави истражуваат епидемија на инфекции со салмонела поврзани со одредени готови оброци обезбедени од „Metabolic Meals“, се наведува во соопштението објавено од Еј-Би-Си Њуз.

Според ЦДЦ, до моментот кога било издадено предупредувањето, инфекцијата била потврдена кај најмалку 16 лица во 10 држави, а од 15-те лица за кои има достапни податоци, седум биле хоспитализирани.

Салмонелата е бактерија која, според ЦДЦ, секоја година предизвикува околу 1,35 милиони инфекции во САД, а најчесто тоа е од контаминирана храна.

Симптомите на инфекција вклучуваат болки во стомакот, треска, главоболка, дијареја, губење на апетит, гадење и повраќање. (МИА)

To top