Свет

Американски воен брод со хуманитарна помош се упати кон Газа

Бродот на американската армија „Генерал Френк С. Бесон (ЛСВ-1)“ замина од заедничката база Ленгли-Еустис на пат кон источниот Медитеран за да достави хуманитарна помош до Газа по море, објави американската Централна команда.

Американски воен брод со хуманитарна помош се упати кон Газа

Бродот за логистичка поддршка Бесон исплови „по помалку од 36 часа откако претседателот Бајден објави дека САД ќе обезбеди хуманитарна помош за Газа по море“, се додава во соопштението.

Бродот ја носи првата опрема за воспоставување на привремено пристаниште за испорака на витални хуманитарни материјали, се додава во соопштението.

Printscreen/X

Поврзани теми

To top