Свет Врз складиште за оружје

Американската војска изврши воздушни напади во источна Сирија

-Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според Си-Ен-Ен.

Американската војска изврши воздушни напади во источна Сирија

Војската на САД изврши воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници, соопшти Пентагон.

-Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека нападот го извршиле два борбени авиони Ф-15.

Остин истакна дека за администрацијата во Вашингтон нема поголем приоритет од безбедноста на американскиот персонал.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Вооружено беспилотно летало вчера ја нападна базата Ал Харир во северен Ирак, каде што се стационирани американските сили.  (МИА)

To top