Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.
Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево – до Амстердам, Франкфурт и Барселона.
Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.
Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. (МИА)