Свет Абас побара отварање на сите премини

Абас побара од Саливан САД да го принудат Израел на итен прекин на насилството

Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас денеска во разговор со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Рамалах, истакна дека неопходен е итен прекин на израелската агресија врз Палестинците, особено во Појасот Газа, јави палестинска новинска агенција.

Абас побара од Саливан САД да го принудат Израел на итен прекин на насилството

Абас му рекол на Саливан, за време на состанокот на Западниот Брег, дека САД мора „да интервенираат и да го принудат Израел да ја прекине својата агресија врз народот на Западниот Брег, вклучувајќи го и окупираниот Ерусалим“.

Палестинскиот претседател побара и отворање на сите премини, зголемување на хуманитарната и медицинската помош, како и помош во храна и снабдување со вода, струја и гориво.

Тој, исто така, ја повтори потребата од поправка на болниците и основните објекти во Газа, со цел да се овозможи лекување на бројните жртви и давање услуги на палестинското население. Абас ја повика американската администрација да интервенира и да го принуди Израел да ја прекине својата агресија на Западниот Брег и окупираниот Источен Ерусалим.

Најнови вести од Свет

To top