Свет Автокефална православна црква на Албанија

ААПЦ: Историска средба на поглаварот Јован и Папата Лав XIV, ја нагласија важноста од враќањето на мирот и запирањето на војните што го мачат светот

Се фокусирале и на „посебниот интерес и грижа за младите луѓе кои не се само иднината, туку и сегашноста на општествата“.

ААПЦ: Историска средба на поглаварот Јован и Папата Лав XIV, ја нагласија важноста од враќањето на мирот и запирањето на војните што го мачат светот

Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јован, се сретна со Неговата Светост, Папата Лав XIV. Оваа историска средба се одржа на приватна аудиенција, по учеството на Меѓународниот состанок „Osare la pace“, организиран од Заедницата на Сент Егидио во Рим, објави албанската православна афтокефална црква.

Се додава дека на „оваа братска средба беа разгледани разни прашања од заеднички интерес и беше нагласена важноста од враќањето на мирот и запирањето на војните што го мачат светот“.

Се фокусирале и на „посебниот интерес и грижа за младите луѓе кои не се само иднината, туку и сегашноста на општествата“.

„Автокефалната православна црква на Албанија продолжува да биде посветена на пријателски и отворени односи со сите, придонесувајќи за општата хармонија и благосостојба. Оваа историска средба сведочи за заедничките напори на христијаните како клучен фактор за мир, во што Автокефалната православна црква на Албанија игра многу важна улога, стои во објавата.

To top