Вести лажни демографски податоци и непостоечки термини во меѓународното право

Спиропали ПАЛИ НАЦИОНАЛИЗАМ во Македонија

Кога министер за надворешни работи ќе дојде во друга држава и ќе изнесе неточни демографски податоци, тоа е навистина проблем, и тоа повеќеслоен. Кога истиот тој министер/ка ќе воведе термин што не постои во меѓународното право, тоа веќе не е грешка – туку злонамерна политичка порака.

Спиропали ПАЛИ НАЦИОНАЛИЗАМ во Македонија

На прес-конференцијата за време на официјалната посета од албанската министерка за Европа и за надворешни работи Елиса Спиропали на нашата држава, таа изнесе две клучни работи што не одговараат ниту на реалноста, односно на фактичката состојба, ниту на одредбите од внатрешното право на државава: на Уставот и законите. Едниот погрешно изнесен став се однесува на процентот на Албанците во Македонија, а вториот став е во врска со нивниот државноправен статус како колективитет, анализира НОВА МАКЕДОНИЈА во текстот „ Македонија е унитарна држава во која не постојат повеќе државотворни народи, туку само еден“.
Изнесените ставови на министерката на Р Албанија, некои ги протолкуваа како „лапсус“, но многумина нејзиниот истап го третираа како намерна дипломатска провокација кон домаќинот, и тоа од највисок ранг.

Министерката Елиса Спиропали направи проблем

Кога министер за надворешни работи ќе дојде во друга држава и ќе изнесе неточни демографски податоци, тоа е навистина проблем, и тоа повеќеслоен. Кога истиот тој министер/ка ќе воведе термин што не постои во меѓународното право, тоа веќе не е грешка – туку злонамерна политичка порака.
Изјавата дека Албанците во Македонија се „33 отсто“ од населението е -неточна. Патем споменато, официјалниот попис во Македонија вели дека бројката е 29,52 проценти вкупно, односно 24,3 отсто резидентно население. Но многу поопасна од фингираната бројка лансирана од министерката Спиропали е квалификацијата дека Албанците во Македонија се „државотворен народ“!?
Затоа, во оваа пригода, редакцијата на „Нова Македонија“ подвлекува дека во меѓународното право државотворноста не е фраза за дневна употреба. Таа има јасна правна содржина.

Што вели меѓународното право?

Повелбата на Обединетите нации, член 1 став 2, утврдува дека правото на самоопределување им припаѓа на народите, во контекст на држави како целини, не на поединечни етнички заедници во рамките на унитарна држава.
Истото тоа е потврдено во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, во членот 1: „Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на тоа право, тие слободно го определуваат својот политички статус…“.
Понатаму, ОБСЕ, во Копенхашкиот документ од 1990 година, јасно наведува дека: „Правата на малцинствата се индивидуални и колективни, но нивното остварување не смее да ги загрози територијалниот интегритет и уставниот поредок на државата“.
Никаде – ниту во ОБСЕ ниту во Организацијата на Обединетите нации, не постои концепт на „повеќе државотворни народи“ во унитарна држава!
Советот на Европа, преку Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (член 3), оди уште подиректно: „Секое лице што припаѓа на национално малцинство има право слободно да избере да биде третирано како такво…“.
Клучниот збор е – малцинство. Тоа го признава меѓународното право. Тоа го признава и внатрешното право. И овие две права се компатибилни едно со друго во контекст на демократијата и функционирањето на меѓународната заедница како таква.
Кај нас, во унитарна Македонија, според Уставот и законите (значи де јуре) не постои „кодржавотворен народ“. Односно не постои втор „конститутивен народ“. Постојат малцинства со права – и тоа е меѓународноправниот стандард!

Кога „добрата намера“ станува опасна

Тврдењето на некои кругови дека ваквата изјава дадена од министерката на Р Албанија е „плод на незнаење“, навистина е и навреда за самата професија дипломат. Имено, министер/ка за надворешни работи мора да ги знае пописните податоци и мора да ја знае разликата меѓу „државотворен народ“ и „малцинство“. Ако не ги знае – не треба да ја извршува функцијата. Ако ги знае, а сепак ги игнорира – тогаш пораката е намерна, односно со длабока умисла и тенденција.
Во држава како Македонија, со меѓуетничка рамнотежа што е постојано цел на одредени прорадикални индивидуи и колективитети (на пр. последните завчерашни заканувачки милитантно-мобилизирачки изјави на А. Ахмети дека „ако излезе на улица, нема да се врати дома“ или, пак, барањата испорачани на последниот конгрес на ДУИ за уривање на унитарноста и прекројување на државава), ваквите дипломатски „лапсуси“ не се безопасни. Тие создаваат политички наративи, ги подгреваат радикалните толкувања и ја еродираат довербата.
Во дипломатијата, зборовите не се случајни. Бројките не се приближни. А правните поими не се метафори. Оној што ја редефинира државноста на друга држава со „лапсус“, не промовира соработка – туку тестира граници.
Од друга страна, држава што молчи пред таков тест, полека се навикнува други да ѝ ја пишуваат реалноста. Македонија нема обврска да прифаќа туѓи интерпретации на својата државност. Таа има обврска да ја брани – со факти, право и со јасен став. П.Р.


Дипломатски скандал е мешањето во внатрешните работи, што флагрантно
го направи министерката Спиропали

Во Шпанија, каде што Каталонија и Баскија имаат силни автономии, ваква изјава од странски министер би била протолкувана како директно мешање во внатрешните работи!
Во Белгија, каде што навистина постојат повеќе конститутивни заедници, тоа е така само затоа што државата е федерална по устав. Македонија не е федерација.
Во Канада, и покрај посебниот политички статус на Квебек, државотворноста е федерална, не етничка. И таму, странски министер со ваква изјава би предизвикал дипломатски скандал.

Теми на денот

To top