Вести

Следните три години Ријад домаќин на финалниот ВТА турнир

Следните три години Ријад домаќин на финалниот ВТА турнир

Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на следните три изданија на финалните турнири во женска конкуреција.

Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, ќе биде домаќин на финалето на оваа сезона од 2 до 9 ноември, во кое ќе настапат осум тенисерки во сингл и тимови во двојки.

„Ријад, Саудиска Арабија, ќе биде домаќин на следните три изданија на финалето на ВТА од 2024 до 2026 година“, објави ВТА на X.

 

To top