Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација-Скопје во периодот од 18 до 22 декември земале 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, според стандардот ИСО17025:2018, информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Појаснуваат дека редовно вршат анализа на водата за пиење,а со цел подобра информираност на граѓаните секоја недела го објавуваат и неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.