Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 54 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 8-ми до 12 јули зема 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

To top