Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

-Секторот за санитарна контрола, во периодот од 30.10.2023 до 03.11.2023 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.

To top