Во недела, 28 декември, во паркот „Шопен“, од 19 часот, ќе започне тридневната „Новогодишна приказна“ во општина Кисела Вода. Граѓаните се поканети да уживаат во богата програма со настапи на македонски изведувачи, наменета за сите генерации.
Паркот ќе биде празнично уреден и исполнет со новогодишни куќарки каде што ќе се нудат топли напитоци и празнична храна.

Програмата во недела започнува со Ди Џеј Марио со труба, а веднаш потоа следи проектот „Пауза за ракија“ на Игор Димовски.
Во наредните денови, посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на Антониа Гиговска, Либеро бенд, Миле Кузмановски со бенд, Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со стенд-ап комедија, како и Бока Конга и Боби Сакс.
Во вторник, во рамки на детскиот дел од програмата, Дедо Мраз ќе им додели бесплатни новогодишни пакетчиња на сите деца од Кисела Вода.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани да бидат дел од оваа празнична забава.