Скопје

Внимавајте каде паркирате во Центар: Санкционирани 202 непрописно паркирани возила на територија на општината

Внимавајте каде паркирате во Центар: Санкционирани 202 непрописно паркирани возила на територија на општината

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 22 до 28 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, соопшти ЈП ПОЦ.

To top