Скопје

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Од регионалниот центар за управување со кризи известуваат дека во Сабота и Недела ќе изврсшат авионска дезинсекција.

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Согласно добиено известување од Град Скопје – Сектор за Kомунални Работи, Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година ( сабота и недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските
услови ќе бидат поволни во ист термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за
заштита на пчелите.

Најнови вести од Скопје

To top