Голема забава и уште поголема посетеност на Семејниот фестивал во Ѓорче Петров! Сите генерации уживаа во целодневни активности под мотото „Музика и забава за сите“.
Во Паркот Ѓорче Петров на плато кај Тинекс забавата ја отворија детски изведувачи од фестивалот Поточиња.
Потоа забавата продолжи со пејачите Наум Петрески, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски и Мина Блажев.
Се оддржа и уличен театар „Баскер фест”, со креативни и забавни улични изведби.
А за крај, настапи на енергични музички ѕвезди: Даниел Данн, Мијата, Куку Леле и Паркети.
Ова е ден што ги зближи семејствата и ја слави љубовта и заедништвото.