Скопје руцк

Утре струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште

Од девет до 16 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во општина Зелениково.

Утре струја ќе немаат делови од Аеродром, Зелениково и Сопиште

Во текот на утрешниот ден струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од „ЕВН“ имало информација дека поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат корисници од три општини.

Во општина Аеродром, од осум до 15 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од село Долно Лисиче. Во истиот термин, електрична енергија ќе немаат и корисниците од објектите во околината на зградата на „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Од девет до 16 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во општина Зелениково.

Од девет до 12:00 часот, корисниците од дел од село Горно Соње, поточно улиците со број „10“ и „12“ во општина Сопиште.

To top