Скопје 2025

Усвоен рекорден буџет на општина Ѓорче Петров од 1 милијарда денари!

Новиот буџет на Општина Ѓорче Петров е гаранција за исполнување на овие цели. Со вистинска посветеност и транспарентност, ќе се создаде средина каде секој жител ќе се чувствува среќен, задоволен и горд што живее во Општина Ѓорче Петров!

Усвоен рекорден буџет на општина Ѓорче Петров од 1 милијарда денари!

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше усвоен најголемиот и најобемниот проектиран буџет во историјата на општината. Ова е развоен буџет, создаден со целосен фокус на потребите на граѓаните. Буџет кој значи инвестиции во инфраструктура, подобрување на квалитетот на живот и реализација на приоритетните барања на жителите на Општина Ѓорче Петров.

За капитални расходи наменети се 48% од буџетот со вкупна вредност од рекордни 332 милиони денари!

Предвидени се 130 милиони денари капитални инвестиции за изградба на градинките:

• Изградба на градинка во Стопански Двор

• Отпочнување на изградба на градинка во Дексион

• Изградба на градинка во План СЗ 16, населба Александрија

• Изработка на проект за детска градинка во План СЗ 03, населба Ново Село

Со овие капитални инвестиции, листата за чекање за прием во градинката „Росица“ ќе стане минато.

Образованието останува врвен приоритет. Предвидени се:

• Доградба на основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Страшо Пинџур“.

• Изградба на спортска сала во ПООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населба Хром.

Поддршка за учениците и семејствата:

• 1 милион денари за учениците со попреченост – прв пат во историјата на општината

• Посебни права за децата на семејствата на бранителите:

o 2,7 милиони денари за градинките

o 2,1 милиони денари за основните училишта

• 1,6 милиони денари за бесплатна ужинка за првачињата

• Бесплатен транспорт за учениците во основните училишта каде што е потребен

Дополнително, износот на еднократната парична помош е зголемен за 40% – 7000 денари за секое новороденче во Општина Ѓорче Петров!

Со новиот буџет предвидени се 80 милиони денари за изградба и реконструкција на улици и патишта:

• Реконструкција на улица Радушка – 13 милиони денари• Реконструкција на улица Никола Вукмировиќ – 1,5 милиони денари

• Реконструкција на улица Николај Островски – 4 милиони денари

• Реконструкција на улица Вера Циривири – 2 милиони денари

• Продолжување на улица Социјалистичка Зора – 9 милиони денари

• Изградба на локален пат за село Орман – 18 милиони денари

Впупно 7,2 милиони денари за позелена и почиста општина:

• Субвенционирање за набавка на клима уреди и топлотни пумпи – 1 милион денари

• Субвенции за набавка на велосипеди – 500 илјади денари

• Нови садници и одржување на зелени површини – 4,2 милиони денари

• Расчистување на диви депонии – 1,5 милиони денари

Во план е изградба на нов Еко парк во СЗ 20, во близина на спортскиот комплекс „Млади Лавови“, како и збогатување на културно-забавниот живот на жителите и поддршка на голем број спортски настани, манифестации, клубови и индивидуални спортисти.

Време е граѓаните на Општина Ѓорче Петров да почувствуваат вистински раст и развој! Време е да се решат многу од нивните предизвици и да се одговори на нивните потреби! Време е за поквалитетен и подостоинствен живот во секој дел од општината!

Новиот буџет на Општина Ѓорче Петров е гаранција за исполнување на овие цели. Со вистинска посветеност и транспарентност, ќе се создаде средина каде секој жител ќе се чувствува среќен, задоволен и горд што живее во Општина Ѓорче Петров!

To top