Скопјани ќе можат да здивнат. Од утре се очекува нормализирање на јавниот превоз.
„Нафтата од државните резерви се доставува до базите на ЈСП во Скопје и се очекува нормализација на автобускиот превоз од утре“, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.
Тој нагласи дека Влада со активирањето на резервите успешно го решава краткорочниот проблем со автобускиот превоз во следните седум дена. За тоа време, градот треба да спроведе јавна набавка за гориво.
„Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров“, рече Стојановски.
Со часови скопјани чекаа автобуси откако поради немање на нафта, мал број автобуси сообраќаа на улиците.