Градоначалничка на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, објави дека остварила средба со отец Оливер.
„Моето утро започна на еден посебен начин, со посетата на човек кого неизмерно го почитувам и ценам, човек кој со своето дело, збор и присуство остава длабока трага во срцата на сите нас.
Станува збор за отец Оливер, вистински хуманитарец, човек со големо срце и со чиста душа, кој секој ден го живее своето свештеничко и човечко призвание на најубав можен начин, објави Стаменкоска Трајкоска.
Имав чест и радост лично да бидам дел од оваа прекрасна мисија. Волонтирањето во „Свети Спас“ ме научи дека секој мал гест може да направи голема разлика во нечиј живот. Секој ден поминат со оваа организација е потсетник дека добрината сè уште постои, дека има луѓе кои несебично го даруваат своето време, енергија и љубов за доброто на другите, потенцираше Стаменкоска Трајкоска.
Таа додаде дека средбата со отец Оливер и го исполни срцето со мир, мотивација и надеж. Неговите зборови, скромноста и хуманоста што ја зрачи се инспирација за сите нас кои веруваме дека светот може да биде подобар, ако секој од нас даде барем мал придонес.
Благодарност до отец Оливер и целата хуманитарна организација „Свети Спас“ за нивната постојана посветеност, за сите добри дела што ги прават и за тоа што секојдневно потсетуваат дека љубовта кон ближниот е најголемата доблест што можеме да ја поседуваме.
Да продолжиме сите заедно да шириме добрина, да помагаме и да се грижиме еден за друг, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.
Моето утро започна на еден посебен начин, со посетата на човек кого неизмерно го почитувам и ценам, човек кој со своето…
Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Четврток, 13 ноември 2025