Општина Ѓорче Петров, продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации. По долг период, општината повторно се развива, инвестира и обновува, со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите. Во рамките на оваа визија, неодамна беше завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 м², информираат од општина Ѓорче Петров.
Во таа насока, градоначалникот Александар Стојкоски порача:
“Младите се нашиот приоритет! Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат. Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца.”
Дополнително, општината реализираше и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи:
Реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога;
Реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 м² нова подлога;
Поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“;
Изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.
Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови.
Со континуирана посветеност, Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да гради, обновува и инвестира, докажувајќи дека младите секогаш се приоритет.
Со љубов за Ѓорче и за иднината на нашите деца!, се вели во соопштението на општина.