Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.