Скопје сообраќајна контрола

Скопје: 155 санкционирани возачи

Скопје: 155 санкционирани возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Скопје

To top