Скопје

Скопје: 115 санкционирани возачи

Скопје: 115 санкционирани возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за непочитување на првенство на минување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

To top