Скопје

Се бара незаконски да се запише дете избркано од повеќе училишта: Градоначалникот на Центар врши притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски врши притисок за запишување на дете избркано од повеќе учулишта, алармираат загрижени родители на ученици од центарското ООУ „11-ти Октомври“. Тие велат дека инспекторките Ј.А. и С.М. од Државниот просветен инспекторат наместо да иницираат систематско решавање на случајот со проблематичниот ученик, го продлабочуваат проблемот и вршат притисок врз директорката да го запише детето.

Сè почнува кога поради континуираното лошо однесување на ученикот, на 16 октомври годинава ООУ „Лазо Ангеловски“ од Аеродром со допис под број 03-434/1-1 и детални информации ја известува Општина Аеродром дека се исрцпени сите можности за нормално присуство на ученикот на наставата, по што истиот, со согласност на просветните служби, е префлрен на учење од далечина (online настава) до реализација на Одлуката за негово преместување во друго училиште, согласно Упатсвото донесено од Министерството за образование и наука.

Спротивно на законските процедури, ООУ „Лазо Ангеловски“ не доставува никаква информација до ООУ „11-ти Октомври“ и дозволува постапката за испишување и запишување на ученикот да продолжи како редовна.

Со ова се врши директно прикривање на докази и изигрување на системот, реагираат родителите.

По ваквите сознанија, директорката на ООУ „11-ти Октомври“ со помош на родителите, а по претходно обезбедени докази, ја повлекува согласноста за прием на ученикот и го известува ООУ „Лазо Ангеловски“ и Министерството за образование и наука за настанатиот проблем.

Инспекторките, како што тврдат родителите, наместо да извршат точно детектирање на проблемот кој е настанат од страна ООУ „Лазо Ангеловски“ и таткото на ученикот, кој дал невистинит исказ при интервјуто во новото училиште, и да ги информираат социјалните служби за трајно решавање на овој и други слични проблеми, сега вршат притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“ по секоја цена да го прими ученикот.

Родителите се едногласни дека нема да дозволат ученикот да биде запишан и проблемите да се префрлат на нов терен и стојат позади одлуката на директорката. Во спортивно, велат, се спремни на радикализација преку бојкот на наставата.

To top